Веб страница на АДА-Синада


Компанијата АДА-Синада, ДООЕЛ е основана во 1991 година како трговско друштво која се занимава со трговија, производство и услуги на големо и мало – експорт-импорт. Компанијата е реномирано друштво кое специјализирано за производство, пакување и снабдување до крајните корисници. Во склопот на компанијата има и своја сопствена маркет мрежа во регионот. Овој фамилијарен бизнис кој прерасна во реномирана компанија е основано од фамилијата Станимир, Милица и двајцата синови Александар и Драган Колеви. Како оснивачи се имаме здобиено со надградување, едуцирање, специјализирање за техничко-технолошкиот процес од повеќе реномирани консултанти од Европска Унија.

Податоци за компанијата

Компанијата АДА-Синада е чисто приватно друштво со сопствен капитал од 100%.

Архитектура-Објекти

  1. производен погон – лоциран во населба Баби со комплет запазена процедура на производен погон согласно законската регулатива;
  2. Објектот е површина на 2500 метри квадратни, заокружен со исто толкава површина за доградба;
  3. Сопствена маркет мрежа од пет маркет локали кои се во најатрактивните населби во градот Штип.

Техничко технолошка линија

  1. Современа технолошка линија за производство, полнење на сопствените производи по законската регулатива на Република Македонија(Сл. Весник 54/02 и 57/04) и регулативата од Европска Унија D1R93/43 од законодавното европско право.

Пазар на сопственото производство

  1. Во локалната и регионална регија.

Квалитет

Компанијата АДА-Синада – ДООЕЛ Штип, се разликува од другите компании по својот квалитет кој е постигнат со веќе воведениот стандард и систем за квалитет земен од Codex-Alimentarius т.е. превентивниот менаџмент со HACCP системот кој се имплементираше, верифицираше и сертифицираше кој својот работен потенцијал како човечки ресурси се едицираа: со добра производна пракса, добра хигиениска пракса, добра лабораториска пракса, добра транспортна пракса. HACCP е системот се интегрираше во склопот на EN-ISO-9001:2000.

Традиција

Компанијата АДА-Синада – ДООЕЛ Штип, традиционално со долгорочна визија својата технологија ја применува согласно како веќе познати брендови во Европа. Оваа традиција секоја година се анкетира, надградува и софистицира со една заедничка цел како своите потрошувачи, односно конзументи пијат безбедни пијалоци. Зашто секоја година оваа традиција ја презентира преку многу наградни игри, телевиски и радио реклами и многу бројни презентации во повеќе регии, саеми и форуми. Со што се приближува својата производна палета на производи со што овозможува секој конзумент биде задоволен. За својата традиција имаме своја парола: „кога безбедните пијалоци ги ставивме во служба на урбаниот човечки ресурс ќе имаме секогаш добро здравје и долг живот„.


Име на компанијата: АДА-Синада
  1. нас. Баби 5
  2. 2000 Штип
  3. Македонија
  1. тел/факс: +389 (0) 32 395 968
  2. email: ada.sinada@mt.net.mk
  3. email: contact@ada-sinada.com.mk
  4. www: www.ada-sinada.com.mk

Design and copyright by Alexander Kolev © 2006, 2007